Утре се одржува „Винаријада Нерези 2014“

Утре (недела, 9 февруари) во периодот од 12:30 до 17:00 часот во Атарот на Црквата Св. Пантелејмон во населба Нерези (последна автобуска станица на 57-ца), ќе се одржи манифестацијата „Винаријада Нерези 2014“.

vinarijada_nerezi_2014

Граѓаните на населбата Нерези и оваа година традиционално ја организираат манифестацијата „Винаријада Нерези 2014“ на која се врши презентација на вино и гурмански специјалитети и каде се промовира сопственото производство.

Винаријадата Нерези еманифестација од изложбен, хуманитарен и продажен карактер.
Целта на манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на виното, како препознатлив македонски производ , но истовремено да им се помогне на винарите, пред потенцијалните потрошувачи од Македонија, како на и здруженијата на сродни производители.

Манифестацијата е од културен карактер, а средствата кои ќе се соберат ќе се донираат за Црквата Св. Пантелејмон и семејствата од ранливите категории од населбата Нерези.

You May Also Like