Со поддршка на Министерството за култура во Прилеп ќе започне реализацијата на проектот за конзервацијата на куќата на Жеревци, лоцирана на улицата Моша Пијаде 130, која е во рамки на проектот за обнова на објекти со автентична староградска архитектура.
Куќата на Жеревци која е изградена околу 1900-тата година и во која сеуште живеат потомците на тогашните сопственици, претставува одличен пример за влијанијата од европската градителска естетика на овие простори. На објектот сеуште е зачувана оригиналната фасада како и богатата архитектонска декорација, карактеристична за периодот на изградбата.
Во текот на реализацијата на проектот за конзервација на овој објект стручните екипи на ќе извршат и целосна замена на подпокривната конструкција и покривот на куќата чие пропаѓање и протекување влијаело и на фасадните ѕидови.
Проектот ќе биде реализиран до крајот на годинава.