Второ издание на манифестацијата „Виртуози“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар вчеравечер беа доделени наградите во рамките на второто издание на манифестацијата „Виртуози“.

011A mnt

На свеченоста на која беа доделени признанијата за достигнувања во областа на класичната музичка уметност во вкупно девет категории.  На настанот присуствуваше и министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.

„Македонска опера и балет“ беше наградена за музички организатор  2013 година, во конкуренција со „Македонска филхармонија“  и фестивалот „Охридско лето“.  „Дуо Кировски“ е добитник на „Виртуози“ во категоријата „Камерен ансамбл“, во која беа номинирани и Скопскиот дувачки квинтет и Триото Академико, а Бранка Костиќ-Марковиќ, е наградена во категоријата „Музички публицист“ во која беа предложени и Крсто Скубев и Милица Шкариќ.

01 mnt

014 mnt

Македонскиот хармоникаш Александар Кловски  е „Млад музички уметник“, а негови конкуренти беаквартетот „Аулос” и мешаниот хор „Драган Шуплевски” при ФМУ. „Музички настан” за минатата година е концертот на полскиот композитор Кшиштоф Пендерецки со Македонската филхармонија избран помеѓу балетот “Александар Трети Македонски”  и концертот на Дмитри Хворостовски со хорот и оркестарот на МОБ. Оперската певица Весна Ѓиновска-Илкова е „Музичко-сценски уметник“ за 20132, избрана меѓу сопранот Славица Галиќ-Петровска, и Саша Николовски Ѓумар. Љубомир Бранџолица пак ја доби статуетката вокатегоријата „Композитор”  за која беа предложени и Дарија Андовска и Дамир Имери. Обоистката Гордана Јосифова-Неделковска е наградена во категоријата  „Меѓународна афирмација”  меѓу кларинетистот Васко Дуковски и пијанистот Никола Паскалов, а наградата „Виртуози“ за минатата година, во категоријата „Музички изведувач“, му  припадна на диригентот Борјан Цанев.

Доделувањето на наградата „Виртуози“ е востановено врз основа на иницијативата на: СОКОМ, Македонската филхармонија, Македонската опера и балет и Министерството за култура на Република Македонија.

017 mnt

018 mnt

You May Also Like