Прием на Илина Арсова во Генералниот конзулат во Торонто

Вчеравечер (07.03, петок) 2014 година во 20:00 часот по канадско време, Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто организираше прием во чест на Илина Арсова – првата македонка која го освои највисокиот планински врв во светот Монт Еверест.

Ilina Arsova Dragan Gjurcevski Toronto  1

Присутните гости имаа ретка можност да проследат промотивна мултимедијална презентација и мини изложба на уметнички дела изработени од Илина Арсова, која покрај тоа што е познат алпинист е и ликовен уметник.

Освен на Монт Еверест, Илина Арсова се има искачено уште и на Аконкагва, Ама Даблам, Монт Блан и уште многу други високи планински врвови.

Ilina Arsova Dragan Gjurcevski Toronto 2

Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски подарувајќи и на Илина Арсова македонски штит – симбол на вечноста и се заблагодари за досегашната меѓународна промоција на нашата земја и воедно и посака успешно завршување на својот иден предизвик за освојување на сите седум највисоки врвови на седумте континенти ширум светот.

You May Also Like