Поттикната од големиот број на азиланти кои во странство бараат шанса за подобар живот, младинската организација „Центар Е8“ од Србија, во соработка со театарот БИТЕФ ја направи претставата „Германија“. Во главните улоги се ученици од средни училишта, а претставата се изведува во училишните сали.
Во 2013 година, околу 19 000 граѓани на Србија (главно од ромска националност) побарале азил во некоја од земјите на Западна Европа. Само 1% од нив добиле азил. Како што се зголемува бројот на баратели на азил од година во година, шансата Србија да биде избришана од белата шенген листа сè повеќе се зголемува.
Што можеме да направиме како опшетство за да имаме еднакви можности и шанси, што треба да направиме за да зависи сè од нашиот труд и од ангажирањето, се дел од прашањата на кои претставата „Германија“ се обидува да понуди одговори. Насловот на претставата јасно алудира на земјата со најголем број на азиланти од Србија, на земјата во која сепак може да се заработи и каде далеку помали се шансите да бидете отфрлени поради својата вероисповед, националност или сексуална ориентација. Добивање азил, од друга страна, претставува и напуштање на родната земја, што нè доведува до прашањето дали навистина сме третирани исто ( ако некои од нас се приморани да бараат азил и да се обидат да живеат достоинствено, бидејќи Србија тоа достоинство не им го овозможува).
Претставата ги отвора сите овие теми и не говори за цифри, туку за потребите на луѓето на кои азилот им е единствен избор. Причината поради која за место за одржување на претставите се избрани свечените сали на средните училишта е едноставна: младите се често упориште на дискриминацијата и работата со нив доведува до вистински решенија – да ѝ се каже „не“ на дискриминацијата.
извор: Лице в лице