Денеска (понеделник, 23 јуни) со почеток во 20:00 часот во Младинскиот културен центар (МKЦ) ќе се одржи хуманитарниот концерт „Рок-мајстори“.
Познати музичари ќе собираат финансиски средства за Митко Мустачки Сокол, член на групата „Kарамела“ и човек кој даде огромен придонес во градењето на домашната антологиска рок-сцена. Мустачки боледува од тешко оштетување на црниот дроб.
Учеството веќе го потврдија „Леб и сол“, Бени Шаќири, Мики Јовановски Џафер, Зорица Поп Панкова, Kанго, „Токму така“, Гаро Тавитјан и уште неколку негови колеги и пријатели.