Огромна посетеност на Саемот за вработување во Штип

Саемот беше организиран од Агенцијата за Вработување на Република Македонија.

saem_za_vrabotuvanje_stip

Над 10.000 заинтересирани посетители присуствуваа на третиот Саем за вработување кој се оддржа во Безистенот во Штип.

На саемот се претставија 32 компании од Македонија, од кои најзастапени беа од производствениот сектор. Големата заинтересираност имаше од двете страни каде и компаниите учеснички и барателите на работа, најдоа заедничка можност да се здобијат со корисни информации за понудата и побарувачката на пазарот за труд. Модерниот начин на комуникација придонесе и претставниците на компаниите како и посетителите, активно да се вклучат во новиот начин на регрутација на талентирани кадри.

You May Also Like