Во Скопје се одржува традиционалното „Оро без граници“

Во Скопје, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, а под покровителство на Град Скопје, по дваесет и трети пат се реализира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.

oro_bez_granici_2014_1

Во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ за учесниците во „Оро без граници 2014“ се одржа фолклорна литургија, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, го прогласи за отворен фестивалот, а веднаш потоа од пред црквата, тргна Фолклорното дефиле по булеварот „Партизански одреди“, во правец на „Универзалната сала”, каде што се одржи концертот на групите, учеснички на Фестивалот.

Директорката на ДКЦ “Карпош”, Ружа Ѓорѓеска потенцираше дека манифестацијата “Оро без граници” е симбол на сплотеноста, на ширењето пријателства и кршење на границите помеѓу земјите, место каде се дружат децата од сите нации и народности.

На Фестивалот, годинава, учествуваат фолклорни ансамбли од Украина, Србија, Грузија, Турција, Бугарија, Унгарија, како и четири македонски ансамбли. Завршни концерти ќе се одржат денеска /на 01.10. ( среда )/ во 18:00 часот, во населбата Бардовци во црквата „Св.Тројца“ и во Спортската сала „Иван Хаџиниколов“ населба Радишани, исто така во 18:00 часот, а влезот за сите концерти е слободен.

oro_bez_granici_2014_2

You May Also Like