Отворање на Советувалиште за превенција од употреба на дроги

Денеска (сабота, 15 септември, 2012 година) во 12:00 часот во Младинскиот центар „Сакам да знам”, на улица „Елисие Поповски бр.2“ (амбуланта „Водно“), ќе биде отворено Советувалиштето за превенција од употреба на дроги.

Советувалиштето го отвораат Град Скопје и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А.,а е дел од Проектот “Советувалиште и едукација за превенција од употреба на дроги меѓу средношколска популација во град Скопје”.
На отворањето ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

You May Also Like