Општина Центар со повеќе странски туристи од Охрид

Општина Центар во Скопје е на прво место според бројот на еднодневни посети на странски туристи, додека на второто место се наоѓа Охрид.

Според податоците на Стопанската комора за туризам на Македонија,  бројот на туристи кои ја посетиле Општина Центар во мај 2012 година е 40% поголем од истиот месец во изминатата 2011 година.

Интересен е податокот што бројот на туристи во Скопје од година во година се зголемува, така на  пример во 2009 година бројот на туристи кои го посетиле главниот град  бил  111.281, 2010 година 114.663 туристи, 2011 година 130.726 туристи. Од приложените податоци 80% од туристите кои го посетиле Скопје биле и гости во Општина Центар

You May Also Like