Кратово ќе ја зајакне својата туристичка понуда. Со грант од амбасада на САД ќе се реконструира Златковата кула, една од дванаесетте кои постоеле по кои Кратово го добил епитетот – Град на кулите.
Целосно ќе се обнови од најавтентичните средновековни кули во Кратово, со донација од скоро 100 илјади долари од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД. Според проектот, во чија реализација покрај Министерството за култура учествува и Музејот на Кратово ќе биде отворена сувенирница, културно-информативен центар, како и спомен-соба на светецот Ѓорѓи Кратовски.
„Почнувајќи од 2001-вата од Американскиот фонд беа издвоени знајчајни средства за реализација на голем број проекти со кои се изврши конзервација и реставрација на значајни споменици на културата. Верувам дека со реализацијата на грантот за Златковата кула, градот Кратово ќе добие доплнителни содржини кои ќе бидат туристичка атракција за домашните посетители и за гостите од странство“, рече министерката за култура, Канческа-Милевска.
Златковата кула е 12-тиот проект од фондот на Амбасадата на САД за културна заштита во Македонија, преку кој во изминативе години биле инвестирани над еден милион долари, изјави амбасадорот Волерс.
Инаку Златковата кула е изградена во 1365 година, висока е 6 и пол метри и има три ката. Името го добила по нејзниот последниот сопственик Ѓорѓи Златков.