Денеска (петок, 17 август, 2012 година) во 22:00 часот, со проекцијата на турскиот филм „Калинка“ во Магаза завршува Балканскиот филмски караван.
Ние сите се разликуваме едни од други како семките во калинката. Сите сме слични и различни, но ја правиме целината. Тоа е основата на верата, она што не одржува заедно. Но што ако се јават пукнатини на кората…. што ако се посомневаме еден во друг… што ако го загубиме чувството за правда… што ако ги бараме нашите сопствени права…
„Калинка“ во режија на Умит Унал ја раскажува приказната за четири лица во една куќа , со различни верувања, прашања за правдата…
Балканскиот филмски караван како дел од Бит Фест е во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје и на него беа прикажани филмови од 5 земји.