Вечерва во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложба на дела од меѓународната ликовна колонија “Лесново 2013”.
На изложбата се презентирани 20 дела од уметници од Македонија, Бугарија, Романија, Србија кои твореле во Лесново минатата година на колонијата што ја организира Домот на културата “Злетовски руда” од Пробиштип.
Изложбата е во рамките на соработката меѓу двете културни институции.
