Народниот театар “Војдан Чернодрински” од Прилеп, на своите сограѓани им нуди недела на бесплатен театар.
Акцијата започна синоќа со претставата “Швејк во Втората светска војна”, режирана од Мартин Кочовски.
В среда прилепчани ќе можат да ја видат “Од кол на кол 1”, а следниот ден е продолжението на оваа пиеса, во режија на Коле Ангеловски.
За в петок е закажана “Буре барут” на режисерката Наташа Поплавска, в сабота повторно претстава од Коле Ангеловски и тоа “Три варијации на една тема”, а в недела децата ќе се радуваат на “Мачорот во чизми”.
Сите претстави се од 19:30 часот, со исклучок на детската претстава, која е закажана за терминот од 11 часот претпладне.