Вечерва на плоштадот Александрија се одржа манифестацијата “Балкански фолклор – Прилеп 2014”.
На манифестацијата која е во рамките на Прилепското културно лето, фолклорот и традицијата на своите земји ги претставија друштва и ансамбли од Македонија, Србија и Бугарија.
Од Македонија се претстави ансамблот Рудина од Битола, Од Србија КУД „Његош“, и „Стеван Мокрањац“, од Бугарија „Први мај“ од Пловдив.