Во Преспа, Албанија вечерва започнува 7-от Фестивал „Македонско културно лето 2014“ …
Во Преспа, Република Албанија од вечерва до 5-ти август ќе се одржува веќе традиционалното 7-мо издание на фестивалот „Македонско културно лето 2014“, во организација на Здржението на Македонците по потекло од Албанија „СОНЦЕ“, а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Град Скопје и Општина Велес.
Како што информира актерот Едмонд Сотир, кој е директор на Фестивалот, вечерва во 21 часот Фестивалот „Македонско културно лето 2014“ ќе биде отворен со претстава „Ноќите во бел сатен“ на Братислав Димитров во режија на Ненад Витанов, а во изведба на Театар „Јордан Х К-Џинот“ од Велес.
Како дел од програмата се и претставите „Ни ваму ни таму“, претстава на Мони Дамевски и Љупчо Тодоровски Упа, која ќе биде изведена утревечер.
На 4-ти август на програмата најпрво е премиерата „Задргранична Македонска песна“ на Маја Каревски на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ од Скопје кое истата вечер ќе ја изведе и уште едната премиера претставата Стар(т) на Димче Николовскикоја е продукција на фестивалот и Субпродукција Скопје. Како последна на 5 август е претставата „Градникот на Нора“ на Кристина Атанасовска во изведба на Штипскиот театар „Ацо Шопов“.
Како што информира директорот на фестивалот Едмонд Сотир, на свеченото затворање на „Македонско културно лето 2014“, за првпат ке бидат доделени наградите Актер и Актерка на фестивалот, како и неколку признанија за поддржувачите на фестивалот и македонската култура во Албанија.