Започнува кривопаланечкото Културно лето

Со фолклорен концерт на гостите од Северен Кипар вечерва започнува кривопаланечкото Културно лето 2014 …

kriva palanka panorama

Со концертот на фолклорниот ансмбл „Мехметчик“ од Северен Кипар вечерва започува програмата на Кривопаланечо културно лето 2014. Според најавата на организаторот, Центарот за култура од Крива Паланка, гостите ќе се претстават со традиционални игри и танци со кои ќе ги развеселат Кривопаланчани на Илинден, кога цела Македонија празнува.

– Ова е само почеток на културната понуда за овој месец кога во програмата се вклучени традиционалните манифестации во општината, меѓу кои рок – фестивалот „Џој фест“ закажан за 23 август и Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ кој ќе се одржи од 25 до 28 август. Исто така на 25 август премиерно пред јавноста ќе бидат претставени карикатурите од годинашниот конкурс Невестинско поклоение, на тема „Снаа-свекрва“, информираше Драган Величковски, директор на Локалната установа Градски музеј, Крива Паланка.

Величковски потенцираше дека на 28 и 29 август се слават големите христијански празници Успение на Пресвета Богородица и свети Јоаким Осоговски кој е патрон-празник на градот, а овие два дена, како што рече, се резервирани за туристите и духовниот живот на Кривопаланчани и нивните гости кои во тој период доаѓаат во огромен број во градот.

– Августовската културна програма сепак е прилагодена на љубителите на сите уметности, па веќе следната недела имаме промоција на поетска стихозбирка, а до крајот на месецот предвидени се неколку уметнички изложби, театарски изведби и концерти, рече Величковски.

Тој додаде дека програмата на Кривопаланечко културно лето 2014 ќе биде затворена со настапот на Биг Бенд оркестрите од Перник и Ќустендил, Република Бугарија.

Организатори на Кривопаланечко културно лето 2014 се општина Крива Паланка, Националната установа Центар за култура и Локалната установа Градски Музеј од Крива Паланка со поддршка од Министерствот за култура на Република Македонија.

You May Also Like