Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (четврток, 22.3.2012 година) со почеток во 10:00 часот во МАНУ (Македонската акедемија на науките и уметностите) ќе присуствува и ќе се обрати на прес-конференција по повод соопштувањето на годинашниот лауреат на 51-то издание на светски реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“.
На прес-конференцијата ќе биде соопштен и носителот на наградата за најдобра дебитантска книга на млади поети „Мостови на Струга“ која ја доделува УНЕСКО.