Изложба на Филип Јовановски во Битола

НУ Центар за култура – Битола го претставува својот најнов проект, самостојната изложба Три лесни парчиња/ Three easy pieces – Предлог за опера во три чина на уметникот Филип Јовановски која ќе се отвори на 23 декември 2012 (недела), од 21:00 часот.

Кураторка на проектот е Ивана Васева, композитор Оливер Јосифовски а во проектот учествуваат оперската дива Милка Ефтимова, уметникот Александар Станкоски, теоретичарката на култура Искра Гешоска, хорот на КУД „Стив Наумов“, Битола и други.

Три лесни парчиња/ Three easy pieces – Предлог за опера во три чина е составен од чиновите насловени I. 28.03.1934, II. РЕКВИЕМ ЗА 28.03.1934 MYSTERIES OF LOVE, III. ЕПИЛОГ ЗА 28.03.1934 MYSTERIES OF ORGANISM.
Проектот е поддржан од Министерство за култура.

You May Also Like