Во Велес отворена изложбата на Сара Ајник од Израел

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена ликовната изложба на Сара Ајник ликовен уметник од Израел. На изложбата насловена „Јас Ти и Оние“ поместени се 31 дело еден вид ликовен перформанс од Сара Ајник.

sara ajnik vo veles - foto ti rekov mi rece
фото: ти реков, ми рече

Во презентацијата на изложбата Елица Николова директор на Народниот музеј од Велес појасни дека Сара Ајник потресена од суривоста на нацизмот кој оставил страдања и смрт на нејзиниот еврејски народ тоа го преточила и раскажала во нејзините слики,компјутерски обработени фотографии,кои се длабоко емотивни потресни полни со немир, насловени „Јас Ти и Оние“.

Уметничката Сара Ајник појасни дека изложбата на која работела две години во 2008 година прво била презентирана во Романија, земјата на нејзините родители, а во 2011 година таа целосно изложбата ја подарила на новоотворениот Музеј на Холокаустот на Евреите во Македонија во Скопје,кога и првпат била претставена во Македонија.

– Во документирањето на нивните ликови на мојот народ, јас не сакав да ги допирам нивните за мене свети ликови, затоа одлучив на сите слики, ликот да биде моето лице кое е насекаде во делата. Преку изложбата на посетителите сакам да им порачам дека мојот Еврејски народ кој бил убиван или ги преживеал од стравотиите на Холокаустот, сепак биле луѓе како јас,ти и оние, и на местото на нивните ликови можеш да ставиш било кој човечки лик и тоа ќе биде исто, потенцира Сара Ајник.

Организатор на изложбата е Фондот на холакаустот на Евреите од Македонија, а во Велес во соработка со Народниот музеј, по повод 71 година од депортацијата на 7.144 македонски евреи во злогласениот логор на смртта –Треблинка.

You May Also Like