Изложба на фотографии на Железничката станица во Белград

Изложба на фотографии од 76 автори, насловена „Уметност во јавен простор-Белград за патници на првата средба“, беше отворена неодамна на Главната железничка станица во Белград.

umetnost-u-javnom-prostoru-beograd

Изложбата ја организира уметничката група „Калеидоскоп“ а тема е железницата и железничкиот сообраќај. Делата се поставени на прозоците и кај пероните, а целта е да го анимира просторот на градската железничка станица, која, како што велат од „Калеидоскоп“, освен што е важно архитектонско дело, претставува и прв простор со кој се соочуваат патниците кои пристигнуваат во Белград. Затоа, Железничката станица игра важна улога во формирањето на впечатокот за овој град.

Со оваа изложба, уметничката група „Калеидоскоп“ сака да го сврти вниманието кон културните содржини кои би требало да се неодвоив дел од живеењето на градот. Со овој настан, исто така се одбележува и 130-годишницата од изградбата на белградската Главна железничка станица.

извор: Лице в лице

You May Also Like