Изложба „Генерации низ Димо“ во Мала станица

Во Мултимедијалниот центар – Мала Станица вечерва (петок, 14 јуни) во 19 часот ќе биде отворена изложба насловена како „Генерации низ Димо“ на која ќе бидат презентирани творби од 15-тина талентирни млади луѓе кои својот талент го покажале во училишните денови поминати во основното училиште „Димо Хаџи Димов“.

Ова е единствениот начин со кој може да се презентира и негува ликовниот талент кај учениците. Воедно  се потврдува  дека желбата и талентот за ликовно изразување нема граници. Соработката може да се одржува и покрај изминатите години. На изложбата ќе се презентираат талентираните ученици од Димо Х. Димов во соработка и менторство на ликовниот педагог Соња Поповска -Трајковска. Успевајќи да го препознае талентот кај учениците во четирите години  дружење  и успешно да одржи континуитет во нивното ликовно изразување со оваа изложба само ја потврдува нивната вистина. Оваа изложба не е тематска бидејќи секој од учесниците е премногу индивидуалист и со различна имагинација . Делата можете да ги доживеете колористички, графички и  колажно и така да уживате во нивната различност, а сепак кажани со ист јазик Уметноста.

„Петнаестте учесници се од различни генерации почнувајќи од 2003 мојата прва генерација до денес. Оваа година носители на самостојна изложба се Дана Ќосева и Марта Крстеска и нивните гости учесници. Од нив веќе имам колешка дипломиран скулптор на ФЛУ која токму на 14.06.2012 се здоби со диплома, Марија Бошкова и преостанатите кои се исто низ водите на други ликовни области како архитектурата- Матеј, филмската уметност –Бранко“ вели менторот Поповска –Трајковска.

You May Also Like