Вечерва (понеделник, 11.03 2013 година) со почеток во 19:30 часот во просториите на Магазата во Битола, ќе се одржи настанот наречен „Со љубов за Битола“.
Во рамките на овој настан ќе се промовира книгата „Вечноста на Битола“ од авторот Аница Ѓорѓиевска, археолог во НУ Завод и Музеј Битола. За книгата ќе зборува рецензентот д-р Христо Петрески, како и самиот автор…
Дел од програмата ќе биде и рецитал посветен за Битола на Силвана Петрова Насух, како и музичка нумера за Битола од Сефедин Бајрамов.
Настанот е во организација на комисијата за култура на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.