Владимир Симеонов изложува во Галерија 8

Утре, (среда, 18-ти јануари 2012 година) во Галерија 8 ќе се отвори 8-мата самостојна изложба на академскиот сликар Владимир Симеонов. По големата изложба од 16-ти декември 2011 година, во Кинотека на Македонија, Галерија 8 и Симеонов организираат продолжеток на истата во помал број (20-тина слики), со помали формати. Оваа изложба ќе биде освежена и со одреден број на нови парчиња.

За преубавиот простор на Безистенот, во срцето на старата Скопска чаршија, направен е авторски избор на бисерни парчиња од неколку серии, од последните години. Во 20:00 часот, за изложбата и нејзината содржина, ќе проговори  Менсур Бојда, со што и изложбата ќе биде отворена. Потоа следува комбинација на сликарство и забава во оригиналната атмосфера на Кафе Галерија 8.

Изложбата ќе трае до 28ми Јануари 2012 година.

You May Also Like