Донација на Лотарија и МПМ за народните кујни

Денеска (вторник, 13 ноември 2012 година), во 12:30 часот, во народната кујна во населбата Кисела вода (ул. Михаил Чахов бб),ќе се одржи  на прес конференција по повод донација за народните кујни од страна на Државна Лотарија на Македонија и Медиа Принт Македонија.

Донацијата на Лотарија и МПМ односно дневните весници Дневник, Вест и Утрински весник е во соработка со Министерството за труд и социјална политика и изнесува 1,012,800 денари. На прес конференцијата ќе присуствува Министерот за труд и социјална политика, г-дин. Спиро Ристовски.

You May Also Like