Приземје со видео запис за „Добредојдовте на Приземје“

Момците од Приземје со нов видео запис за песната „Добредојдовте на Приземје“. Видеото е изработено од страна на Филип Пендовски, додека зад аудио делот стои Мики Миноски од Приземје.

Овој втор видео запис на Приземје доаѓа како последна најава за нивниот деби-албум насловен „Во рамки на реалност“ кој се очекува да излезе до крајот на оваа пролет.

Албумот е проект на кој се работи две години, и преку него момците од Приземје го претставуваат своето гледиште за секојдневните случувања, општеството и рап сцената во Македонија.

Оваа млада рап група постои од 2009 година и е составена од Мики Миноски, Марио Милески и Диџеј Ајри Скреч. Приземје има настапувано во повеќе градови низ Македонија, а како најзначаен настап го сметаат загревањето за легендарниот Keith Murray (Def Squad, NY) во клуб Хавана.

Соработувале со голем број артисти како од Македонија така и надвор, меѓу кои и Аго (ДНС), Марко СВП (Зад Аголот), Ренато (Словенија), Фам Дада (Србија)…

За сите песни и видеа на Приземје екипа посетете го каналот на YouTube или профилот на SoundCloud.

 

You May Also Like