Ученици од битолското основно училиште „Даме Груев“ вчера (вторник, 25 септември, 2012 година) ја посетија НУУБ „Свети Климент Охридски“ во Битола.
Посетата беше искористена за запознавање на учениците со работата на Библиотеката како културна установа, нејзините оддели и начинот на издавање на книгите. Исто така беа разгледани магацинот за чување на книги, детската библиотека и читалните.
Големиот број поставени прашања од страна на учениците, како и нивниот интерес воопшто кон пишаниот збор, она што го има во книгите и воопшто функционирањето на Библиотеката, несомнено говори за успехот на посетата, која треба да прерасне во традиционална.