„Вива ла вида“ на СОУ „Никола Карев“ победник на Струмичкиот карневал

Стручното жири на Струмичкиот карневал синоќа во НУ Центар за култура „Антон Панов“ ги прогласи победниците на оваа манифестација, кои се натпреваруваа во повеќе категории …

strumica karneval 500

Како што изјави претседателот на жирито, Иван Јовев и покрај обемната работа и тешкиот избор сепак одлучи прво место во категоријата групни маски со над 50 учесници оваа година да и го годели на маската насловена „Вива ла вида“ од СОУ „Никола Карев“. Второ наградена е маската „Ветерниците на Дн Кихот“ на СОУ „Димитар Влахов“, третото место го делат маските „Мињони“ и „Пролетна парада“ од ООУ „Гоце Делчев“ од Василево и СОУ „Јане Сандански“.

Во категоријата групни маски до 50 лица прво место и припадна на маската „Театар на љубовта“ на здружението „Мулен руж“, а во категоријата до 20 лица победи маската под наслов „Танцот на лавот“ на ООУ „Маршал Тито“ маската „Засадија својата иднина“ на Илија Багашовски е прогласена за најдобра изворна маска. „Рециклиран барок“ на здружението „Ефтимови“ е прогласена за најдобра маска на слободна тема.

Наградниот фонд на Струмичкиот карневал 2014 година изнесува 400.000 денари, а вечер по „карневалското корзо“ наградите на најдобрите маски ќе им бидат врачени во НУЦК „Антон Панов“.

Како што информираат од струмичката полиција и годинашниот Струмички карневал поминал мирно и без никакви инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир.

You May Also Like