Виноскоп во полн ек

Средата (10-ти октомври) ја одбележи отварањето на шестото по ред издание на интернационалниот вински фестивал „Вино-Скоп“. Фестивалот го исполни своето ветување и се погрижи за една автентична атмосферана плоштадот Македонија. Посетителите имаа можност да пробаат различни видови сортни вина и да замезат со вкусна храна, а сето тоа проследено со музика за душа.

Настанот беше отворен од страна на градоначалникот  Коце Трајановски и министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. На отварањето на „Вино-Скоп“ 2012 присуствуваа околу десет илјади посетители. Карактеристично за музичкиот дел е што првата вечер имаше само македонски изведувачи. Помеѓу изведувачите се појавија „Ајдаред“, хорот „Јане Сандански“, Нино Величковски, „Нови Вал се Враќа“.

Вечерта беше одбележана со настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“. Игор по втор пат на „Вино-Скоп“ докажа дека може да ја распространи својата позитивна енергија без разлика дали настапува на дожд како лани или под ведро небо. Вечерта беше затворена од Делчевскиот бенд „Семка“ кој имаа спектакуларна изведба со традиционалните македонски тапани.

И вчера (четврток) атмосферата беше на ниво и помина со голем број на посетители и убаво расположение. Наредниве три фестивалски вечери не смеете да ги пропуштите. Виноскоп завршува во недела навечер.

You May Also Like