Богата година со активности на НУ Народен театар Битола

Министерството за култура за 2012 година ќе финасира вкупно пет премиери од еден домашен автор и четири странски автори. Во битолскиот театар ќе работаат неколку познати режисерски имиња.


Во тек се подготовките на „Лет во место“ од Горан Стефановски во режија на Ненад Витанов. Во текот на мај месец ќе се работи претставата „Henri VI“ од Вилијам Шекспир  во режија на Џон Блондел.

Битолскиот театар во овој проект ќе биде дел од Балканската трилогија: Белград-Тирана -Битола, а премиерата ќе се прикаже  на Културната Олимпијада во Shakespeare Globe Theatre во Лондон .

Бранко Брезовац ќе ја работи „Травничка хроника“ на Иво Андриќ . „Трамвајот наречен желба“ од Тенеси Вилјамс во режија на Љупчо Ѓоргиевски е следната премиера која ќе следи. Урбан Андраш од Суботица ќе подготвува претсатава со  повеќе текстови од Хајнрих Милер и Томас Елиот.

Во март се планира еднонеделна ревија на претстави во Скопје на сцената на МОБ, Драмски театар и МНТ.  Скопската публика ќе има можност да ги погледа најдобрите претстави од богатиот репертоар на битолскиот театар.

Во декември е планирано гостување во Австралија.

You May Also Like