Велигденска изложба на средното уметничко „Лазар Личеноски“

Оваа година Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ Скопје одбележува 70 години од своето постоење.

Pokana_veligdenska_izlozba_lazar_licenoski

Од училиштето јавуваат: „Одбележувањето на јубилејот  симбоично го започнуваме со традиционалната изложба на порцелански и гопсани јајца,графики, фрески и икони, цртежи и слики изработени од учениците во нашето училиште по повод големиот христијански празник Христовото Воскресение.

Изложбата ја реализираме во НУ „Музеј на Македонската борба за државност и самостојност“ Скопје со кој имаме одлична соработка  ,која резултира со реализација на заеднички проекти, еден од тие проекти е изложбата Велигден 2014 година“.

Изложбата ќе се отвори на 16 април, во 19:00 часот во НУ “Музеј на Македонската борба за државност и самостојност“ Скопје.

You May Also Like