Даз Флоу, конечно реши да не почасти со нешто ново. Станува збор за песната „Разделба“ која претставува еден вид на хип хоп/р’н’б балада со Евгенија Чанчалова…
Во песната, покрај Даз флоу, се појавува и Евгенија Чанчалова чиј вокал ја прави оваа песна совршена. Таа воедно е и музички аранжер на истата,заедно со Дарко Илиевски.
Текстот, кој патем е близу до совршенство, е, секако, дело на Дарко Иваноски, а музиката и продукцијата се на Дарко Илиевски.
За песната е изработен и видео запис со текст, а за истото се погрижи Гордан Божиновски.
Судејќи според ова парче, кое ќе биде дел од новиот албум на Даз Флоу, да се надеваме на еден добар целосен “пакет”.