„Ванг Гог“ ја повикува Македонија да гласа

Белградската рок група и една од најпопуларните во регионот, Ван Гог, повторно е во трка за наградата MTV Best Adria Act.

van_gogh

Ван Гог веќе еднаш, во 2007 година ја освоија оваа најпрестижна награда во музиката а сега во трката се наоѓаат рамо до рамо со групите Vatra, Punčke, Gramatik и Who See кои благодарение на гласовите на публиката ја освоија Wild Card номинацијата како петти изведувач во оваа конкуренција.

Доделувањето на европските MTV музички награди ќе се одржи во недела на 9 ноември во 21 часот и ќе се пренесува во живо од арената The Hydro во Глазгов.

Гласањето во оваа категорија на www.mtvema.com ќе трае до 22 октомври а потоа добитникот на ова признание ја продолжува својата борба за MTV Worldwide Act наградата.

„Горди сме! По веќе еднаш освоеното најпрестижно признание во музиката, чест ни е што сме по втор пат номинирани за Best MTV Adria Act 2014. Овој факт не мотивира на што подобар начин да го развиориме знамето на рок музиката и да ги оправдаме очекувањата на сите наши фанови без чија поддршка оваа номинација нема да добие круна! Им честитаме и на сите останати номинирани колеги!„ – велат членовите на Ван Гог.
За Ван Гог може да се гласа до 22 октомври и тоа неограничен прој пати на следнив линк.

You May Also Like