Македонија со две први места на Светскиот танцов шампионат во Италија

За прв пат во историјата на македонскиот балет и култура балетското студио Арт Балет, претставник од Република Македонија, оствари историски успех и освои две први места на Светскиот Танцов Шампионат кој се одржа во градот Остија, Италија.

Martina Dimovska (01)

 

На конференцијата за новинари која се одржа денес во хотелот Александар Палас, г-ѓа Тамара Ѓурчиновска, балетски педагог и кореограф и директор на балетското студио Арт Балет, со гордост ги претстави светските шампиони по балет:Мартина Димовска (13) која го понесе првото место и титулата Светски Танцов Шампион во класичен балет во Јуниори и Симона Митовска(18) која го освои првото место и титулата Светски Танцов Шампион во категоријата класичен балет во Сениори и доби едногодишна стипендија за дошколување во Рим, Италија . Во оваа прилика Тамара Ѓурчиновска додаде: „Имавме само месец и половина да се подготвиме за Светскиот Танцов Шампионат, вложивме многу труд, долги саати работа во сала, специјален режим на исхрана, поставување на балетски варијации и кореографии за модерен балет, организација за патување, костими за секоја кореографија одделно и финансиско покривање на целиот овој проект.“

Светскиот Танцов Шампионат се одржа на 30 јули 2014 година во градот Остија, Италија. Сите учесници се натпреваруваа во танцовите категории: Класичен балет, Модерен балет, Современ Балет, Џез балет и Хип хоп. „Програмата на шампионатот беше составена од2 дела.Во првиот дел учествуваа одбрани учесници кои во текот на годината беа селектирани на разни танцови светски натпревари од страна на организаторите: маестро Паоло Лонди и маестро Стефано Селати.Претставувањето на учесниците го оценуваше многубројна комисија составена од познати балетски педагози и кореографи. Нашите претставници Мартина Димовска и Симона Митовска во првиот круг се претставија одлично,ја освоија и публиката и жири комисијата и обезбедија пласман во финалето. Вториот дел беше финалето каде учествуваа сите финалисти кои го поминаапрвиот круг на натпреварувањето. Во финалето влегоа претставници од седум земји како Италија, Бугарија, Кипар, Перу, Грција, Мексико и Македонија. Жири комисијата во финалето на Светскиот Танцов Шампионат беше составена од исклучителни стручни лица во областа на балетот и театарот како: Марко Гарофало, експерт жири од Амичи; Александра Песатуро, поранешна прима балерина и балетски критичар; Александра Капози, прима блаерина во Театро Опера Ди Рома; Стефано Балдини, експерт жири од Танцовата федерација; Мимо Тутибанде, театарски автор; како и неколку италијански режисери и музички композитори.“ – изјави директорката на балетското студио Арт Балет, Тамара Ѓурчиновска.

Балетските изведби со кои се претставија македонските претставници на Светскиот Танцов Шампионат се: Мартина Димовска во категоријата класичен балет Јуниори се претстави со варијацијата „Есмералда“ и во категоријата модерен балет играше кореографија од Тамара Ѓурчиновска „Море Сокол Пие“ на музика од Кирил Џајковски. Симона Митовска која се натпреваруваше во категорија класичен балет Сениори се претстави со варијација од балетот „Корсар“ и во категоријата модерен балет играше кореографија на Тамара Ѓурчиновска „Бротел Танго“ на музика од Кирил Џајковски.

За остварување на овој успех балетското студио Арт Балет доби огромна поддршка и финансиска помош од Министерството за култура и Општина Карпош. Во таа прилика Тамара Ѓурчиновска изрази голема благодарност до нив: „Посебно се заблагодарувам на најголемиот финансиски покровител, Министерството за култура и на Министерката Елизабета Канческа Милевска, на ГрадоначалникотСтевче Јакимовски и на Општина Карпош, на родителите од балетско студио Арт балет, на БА компани и на модното Атеље Лимпија – Елена Максимовска која ги изработи костимите.Сите овие луѓе веруваа во нас, во нашиот квалитет и достојност да ја претставиме Република Македонија на најдобар начин кој вроди со огромен резултат.“
Балетското студио Арт Балет во текот на 2013 / 2014 годинаоствари многу успеси и се закити со вкупно 56 награди, 2 стипендии за дошколување и покана за едуцирање на балетски кадри во Италија од страна на балетскиот педагог и кореограф Тамара Ѓурчиновска.

Martina moderen (01)

Simona moderen (02)

You May Also Like