Акварелен симпозиум во Охрид

По трети пат општина Карпош организира акварелен симпозиум во Охрид, кој започна во понеделникот на 20-ти, а ќе трае до 29-ти овој месец. На симпозиумот се поканети и учествуваат вкупно 25 уметници меѓу кои се застапени еминентни имиња од ликовната сцена. Григор Чемерски, Илија Кавкалески, Мирослав Масин, Павле Кузманоски, Пандора Апостоловска, Решат Амети, Таки Павлоски, Анета Ивановска Силјаноска, Милан Андов се само дел од сликарите кои се активни учесници во овој, веќе традиционален симпозиум.

Програмата се состои од сликање акварели во текот на нивниот престој во одморалиштето МВР (во близина на хотелот Климетица во Охрид), по што ќе следи презентација на сработеното на 29 -ти август на отворено во трговскиот центар Лептокарија кој се наоѓа во општина Карпош.

Ивана Чичоска

You May Also Like