Денеска (вторник, 14 август) во рамките на битолското културно лето продолжува „Балкански филмски караван“ и тоа со босанскиот филм „Белведере“ во режија на Ахмед Имамовиќ.Проекцијата ќе биде во културниот центар „Магаза“ со почеток во 22:00 часот. Алтернативна локација во случај на невреме е Мала сала на Центар за култура Битола.
„Белведере“ е една интимна приказна за преживеаните од Сребреница, за геноцидот со кој се соочува светот на контрасти. Од една страна тука е нивната немилосрдна потрагата по вистината, додека од друга страна се тривијалностите од секојдневната реалност на општеството опседнато со реалноста, покажува како се фабрикуваат поединци чија главна карактеристика е површноста. Кога овие два света се судираат во еден, дисфункционалното општество како бомба го започнува своето одбројување.
„Балканскиот филмски караван“ е во организација на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА.