Почина Елпида Паковска, балерина од првата генерација на Македонскиот балет …
Во 78-та година од животот почина Елпида Паковска (1936-2014), балерина од првата генерација на Македондскиот балет која ги постави темелите на танцовата уметност во Македонија, соопшти Македонската опера и балет.
– Елпида Паковска зазема почесно место во Македонскиот балет. Таа целиот свој живот го посвети на балетската уметност. Ќе биде запаметена и како човек и како голем уметник, по нејзиниот „Црн лебед“ на Чајковски, по „Заспаната убавица“, „Жизел“, Јулија во „Ромео и Јулија“, Шпањолка во „Болеро“, по трите улоги: Билјана, Бисерка и Бугарка во „Охридска легенда“, Половецка девојка во „Половецки логор“, „Рајмонда“, но и како репетитор во белетските претстави „Жизел“, „Легенда за љубовта“ и „Мирандолина“, информираат од МОБ.
Погребот на Елпида Паковска ќе биде извршен на 17 јуни, во 11:30 часот на градските гробишта Бутел.
Во нејзина чест, во фоајето на Македонската опера и балет во среда во 11 часот ќе се одржи комеморација.