Во салонот на хотел „Аполонија“ во Гевгелија, во петокот (3 февруари 2012 година) беше отворена меѓународна изложба на фотографии од археолошки истражувања насловена како „Фото Архео ’12“ во организација на НУ Завод и музеј – Гевгелија.
Изложбата ја составена од 47 фотографии од 16 автори настанати во текот на истражувањата на познати археолошки локалитети во пет европски земји: Македонија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Англија.
Македонија ја претставуваат фотографиите на „Неолитните праисториски дами“ на Ирена Настава Колиштркоска од Музеј на Македонија и фотографии од пронајдените предмети и т.н. „Куќа на колекционерот“ од истражувањата извршени на локалитетот Вардарски рид кај Гевгелија. Од останатите домашни автори се истакнуваат овековечените моменти на откритијата на старите гробници, маски, женски статуи на локалитетите Хераклеја, Плаошник, Скупи, Стоби.
Од другите автори забележителни се фотографските записи од подводните археолошки ископувања на локалитетот Маљевиќ, кај Суто Море во Црна Гора во екипен состав од Младен Загарчанин и англискиот археолог Чарлс Лекусан. Потоа локалитетот Дукља, манастирот Врањина (Црна Гора), Селишна могила, кај Русе (Бугарија).
Изложбата „Фото Архео ’12“ ќе биде достапна за публиката до крајот на следната недела, во арт студиото на хотел Аполонија.