Филмскиот критичар и публицист, уметнички директор и селектор на главната компетиција на фестивалот Браќа Манаки-Благоја Куновски-Доре, од дирекцијата на ФЕСТ е поканет/избран во интернационалното тричлено жири.
Жирито ќе има за задача да го награди најдобриот филм во програмата “Европа вон Европа”, во кое ќе членуваат и водечкиот србски сценарист и режисер Срѓан Драгојевиќ (“Убави села убаво горат”, “Парада”) и угледниот филмски критичар на Париски “L’Humanite” и актуелен председател на светската федерација на филмски критичари Фипресци-Жан Роа.
Како гостин на ФЕСТ ќе биде поканет и македонскиот актер Дејан Лилиќ кој толкува една од главните улоги во рускиот филм „Предавство“ на режисерот Кирил Серебреников, а овој филм е токму во програмата “Европа вон Европа”, составена од филмови на кинематографии од земји кои географски се во Европа, но не се членки на ЕУ.
Инаку, Куновски најнапред ќе го следи 63 издание на Берлинскиот фестивал што ќе се одржи од 7-17 февруари, а потоа патува за Белград на ФЕСТ (22 Февруари-3 март).