Викенд рок свирка со „Скопските улични музичари“

Во петокот во рамките на традиционалната манифестација “Скопски улични музичари “ се одржа свирката на рок бендот Чилплеј. Оганизатори на настанот е Универзална Сала-Скопје, а под покровителство на Град Скопје.

rock_svirka-skopski_ulicni_muzicari

Организаторите информираат : „Настапот треаше цели два часа без пауза, се одржа на Плоштадот Македонија, пред споменикот на Цар Самоил,а се изведоа познати светски рок нумери.
Уште со првата нумера, ефектот беше постигнат – немаше минувач на Плоштадот Македонија, кој барем на кратко не застана да види и слушне што се случува. За многу кратко време, се собра голема публика, не карактеристична за вакви настани на отворено.
Во првиот час од натстапот, публиката беше повеќе фамилијарна (родители со деца) кои играа и пееја заедно со бендот, но забележителен беше и големиот број на странски туристи кои цели два часа се фотографираа и се забавуваа со рок настапот на отворено.
Во саботата на 12 јули настапи бендот Келија9, составен од гитара, бас гитара, вокал и тапани. Настапот на бендот го анимираше буквално целиот плоштад. Уште од 10.30 часот се постигна целта-почна да се собира публика, која се зголемуваше како што одминуваше времето.
Настапите на рок бендовите во рамките на традиционалната манифестација Скопски улични музичари, во организација на Универзална Сала ,а под покровителство на Град Скопје, внесе еден нов дух на градското живеење, што особено недостигаше во летниот период, особено за граѓаните кои вечерите ги минуваат во прошетка, а се желни за забава која нема да го оптовари домашниот буџет, практика која редовно се нуди на плоштадите на светските метрополи“- јавуваат организаторите на манифестацијата „Скопски улични музичари“.

rock_svirka_skopski_ulicni_muzicari

You May Also Like