Културно-уметничка програма „Тие не се сами, ние сме со нив“ по повод Светскиот ден на аутизмот во Музејот на Македонската борба …
По повод Светскиот ден на аутимзот, в среда 2 април, со почеток во 19.00 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи културно-уметнички настан „Тие не се сами, ние сме со нив“. Во рамки на едночасовната програма ќе настапат ученици од посебните основни училишта „Златан Сремац“ и „Иднина“ од Скопје, студенти од Факултетот за музичка уметност од Скопје, ученици од МБУЦ Илија Николовски Луј и ансамблот „Танец“.
Настанот е во организација на Македонско научно здружение за аутизам, а помагател е Музејот на македонската борба.
Македонско научно здружение за аутизам се занимава со проблематиката на аутистичниот спектар на нарушувања и е првото професионално здружение за оваа проблематика во Македонија со 14 годишна традиција.