Во петокот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга беа промови книгите „Јаз во јазикот“ од Санде Стојчески и „Ѓаволско море“од Милован Стефановски кои се наградени на конкурсите „Јован Котески“ и „Крсте Чачански“.
Стојчевски за „Јаз во јазикот“, вели дека насловот на книгата треба да упати на продуктивната можност во јазикот. Тој истакна дека наградата Јован Котески посебно му е драга бидејќи, со Котески другарувал уште од раното детство.
За Милован Стефановски наградата „Крсте Чачански“ е признание кое привлекува за враќањето на довербата на наградите во македонската книжевност. Збирката раскази е составена од два есеја со 20 кратки раскази каде се обработуваат теми од секојдневието во најголем дел.
Книгите беа промовирани во организација на здружението за литература, култура и наука „Бран-2010“ и списанието „Бранување“ од Струга, а промотор беа Христо Петрески и Мерсиха Исмајлоска.