Вечерва (вторник, 17.07) во КЦ Магаза со почеток во 20:00 часот ќе се случи промоција на албум со 7 песни од автобографски карактер, на Филип Тодоровски.
Песните се креирани од самиот автор во соработка со други музички изведувачи од Битола. Промоцијата ќе се одржи во стил на street jazz изведба, а ќе биде наподолнета со изведба на музички хор и бенд. Првенчето на Филип Тодоровски ќе се доделува бесплатно за сите присутни на настанот, а влезот ќе биде исто така, слободен.
Филип Тодоровски во своето досегашно искуство во музичката област има завршено нижо и вишо музичко училиште, а има и ангажман и како пијанист и диригент на хорот „Ѕвончиња“. Во досегашните настапи се вбројуваат: новогодишен настап на Плоштад Магнолија со Стиховно Војување, 2011, Промоција на албумот на Стиховно војување „Ме научи да научам“ 2011, Концерт „Пееме до ѕвездите“ за Тоше Проески, 2011, „Денот на Европа“ – Плоштад Магнолија 2011, Бит Фест – соло изведба – пијанист на хор Ѕвончиња 2010, настап на Коледе, талент шоу „Македонски идол“, талент шоу М-2 потрага по ѕвезда, полуфинале 2010.
На Широк Сокак во 21:00 часот сите заинтересирани ќе можат да уживаат во street art и Кафе муабет, а во Зоолошката градина секој ден од 18:00 часот продолжува детскиот креативен фестивал: Мечиња – дечиња.