Над четири илјади посетители за седум месеци дошле да го видат Музејот на вкусовите во Кавадарци, единствен од ваков вид во поширокиот регион.
Според директорот Петре Камчевски, расте интересот кај домашните и кај странските туристи да ги видат садовите и алатките кои служеле за производство на вино и храна во Тиквешкиот – највинарскиот регион во Македонија.
Досега овој атрактивен објект го посетиле гости од разни делови на Македонија, но и туристи од Русија и Грција.
– Куќата на вкусовите и мирисот е проект од прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Грција во рамките на ИПА-Програмата на Европската унија. Во неа се застапени експонати кои потекнуваат од неолитот до денес. Историски, археолошки, етнолошки, …