Во концертната сала на Завод и музеј, вечерва (среда, 25 јули) со почеток од 20:00 часот ќе се одржи концерт на Срѓан Пејиќ и Тајана Вукелиќ Пејиќ од Хрватска.
Тајана Вукелиќ Пејиќ како солист настапувала со Загреб, со Камерниот оркестар во нивните земји и во Франција со оркестарот ле Шевалие де Сент Џорџ (Франција). Има бројни соло и камерни рецитали во Загреб, Сплит, Задар, Осиек, Нови Сад, и исклучителни настапи во Македонија (2009), на Рио арфа фестивал, Бразил (2010, 2012), Les Journées Internationales (2011), Мартиник, Гвадалупе, во Рим (2012), во Ватикан (2012).
Срѓан Пеиќ работи во Ad Gloriam Brass од нејзиното основање во 1993 година, и има одиграно повеќе од 200 концерти во земјата и странство.Во составот харфа и рог тој настапи во неколку фестивали и концерти во Хрватска и во странство.