Вечерва (петок 9-ти мај), со почеток во 21:00 часот, промоција на СКОПЈЕ СЕ НОСИ на SUPER DESIGN POP-UP STORE.
Сајт посветен на омилените скопски ликови. Актуелни ама и не толку јавно експонирани. Лицата со кои чекате ред на каса или на шалтер, кои очекувате да ги сретнете на искачанка, ги следите на фејсбук, или едноставно, не знаете зошто, ја гаете мислата „има нешто посебно кај него/неа“… накратко, архива низ призма на стилот (на живот) на оние за кои Скопје вреди и се отелотворение на духот на градот.
Во пошироки рамки, со заедничка сугестија и иницијатива, ајде заедно да ги опфатиме сите ограноци на уметноста и хедонизмот, кај нас и пошироко!
Срдечни поздрави од (и до) нашето Скопје (се носи)!