Вечерва (среда, 25 ти јули) Бит Фест продолжува со изложбата „Сликарство и ритам“ на Владимир Величковски, која во културниот центар Магаза ќе биде отворена во 20:00 часот, а кабаретската театарска претстава насловена „Само за вас“, во изведба на ансамблот на народниот театар од Битола ќе се одигра на Тумбе кафе во 21:00 часот.
Доколку временските услови не дозволат алтернативен простор е предвиден Народниот театар со почеток во 20:00 часот.