Премиера на документарец за Шутка Рома Рап во Кинотека

Денеска (3 април, четврток) со почеток во 20:00 часот во Кинотека на Македонија ќе се оддржи премиерната проекција на краткиот документарен филм Me Sijum Underground (Јас сум андерграунд), прв документарен филм за македонскиот хип-хоп бенд Шутка Рома Рап. Филмот воедно е и прв документарен филм во продукција на веб порталот Балкон3.

sutka_roma_rap_dokumentarec_poster

Me Sijum Underground (Јас сум андерграунд) е приказна за еден бенд. И за една населба. Шутка не е обична населба. Ниту Шутка Рома Рап не е обичен бенд. Неговите членови еден ден се тезгачии и занаетчии, а веќе наредниот ден настапуваат на сцените на некои од најголемите европски фестивали како Зигет и Роскилде. Секако, тука се секојдневните обврски, семејството, социјалната борба, азилантските неправди. Но, се` се заборава штом ќе тргне музичкиот карван. Всушност ова е филм за музиката и нејзината моќ. Или една забавна приказна на Балкон3 полна со надеж. Автори на филмот се Александар Манасиев и Мирко Трајановски, а продуцент е Дарко Чекеровски.

You May Also Like