Одбележување на 26-ти јули

Утре (четврток, 26 јули) Градот Скопје со повеќе активности ќе ја одбележи 49-годишнината ид катастрофалниот скопски земјотрес.

Во 09:00 часот во Домот на Армијата ќе почне  традиционалнта крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје, што ќе трае до 17 часот.
Во 10:00 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред споменикот на загинатите во земјотресот, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и членовите на официјална делегација од Град Скопје, ќе положат цвеќиња во знак на одбележување на 49 годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје 1963-та година.

Вечерта во Музејот на град Скопје, во 19:00 часот, ќе биде реализирано литературно читање „Поетесите за својот град“, а во 21:00 часот, свечено ќе биде отворена изложбата „Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје“.

You May Also Like