Горанчо Ѓорѓиевски изложува во Цетиње

Во Народниот музеј на Црна Гора – Ателје ДАДО во Цетиње, на ден 28 мај 2013 година (вторник) во 19 часот, ќе се отвори авторска изложба на Горанчо Ѓорѓиевски, насловена Curatorial Workshop.

Оваа е изложба е програмска и во целост е финансирана од страна на Народниот музеј на Црна Гора. Наредниот ден (29 мај 2013) во 12 часот е закажана презентација на проектот на студентите на Академијата за ликовни уметности во Цетиње.

Curatorial Workshop на Горанчо Ѓорѓиевски е замислен како едноставен проект во кој кустосот е фотографиран со одбраниот уметник во контекст на уметниковото творештво. Преку овој проект се разгледуваат сложените промени во „природата“ на уметничкото дело, односно се разгледуваат ситуацијата во која кустосот превзема извесни компетенции на уметникот и на трагите на материјалната практика на уметникот го изведува својот кураторски проект.

Во проектот учествуваат светски познатата уметничка група Irwin, Колективот ЗЕРО, Урош Ѓуриќ (познат на македонската јавност по улогата на Ангелот во филмската трилогија Ние не сме ангели), Атанас Ботев, Александар Станкоски, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Ѓорѓе Јовановиќ, Мирослав Стојановиќ, Нина Тодоровиќ, Милош Коџоман, Зоран Попоски, Синиша Цветковски, Александра Петрушевска, АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т., Игор Тошевски, Тоше Ристов и Борјана Божиновска, како и фотографите Бојан Симовски, Роберт Јанкулоски, Предраг Терзиќ, Бојан Радовиќ; Ladislav King, Тоше Ристов, Владимир Чачаровски и Златан Давидов.

Текстот за изложбата го напиша Мирјана Дабовиќ Пејовиќ.

Истата изложба беше претставена во Галеријата Ремонт во Белград, каде во списанието за уметност Арт Фама беше прогласена за изложба на годината, а за изложбата во Местна галерија во Љубљана излезе критика во која беше напишано, To boldy go where no man has before, значи нашиот кустос отишол во простори каде до сега не бил ниту еден кустос, а за овој проект се отстапени 9 страници во најновата книга Уметност и политика на признатиот европски теоретичар на концептуалната уметност Мишко Шуваковиќ.

You May Also Like